Извршува работни операции во технолошките процеси за преработка на млекото во различни млечни производи, исправно, според стандарди; постапува со млекото при негово добивање, испорака и прием во преработувачките капацитети и исправно, според стандарди; ракува, ги чува и ги складира млекото и млечните производи; ракува и одржува алати, апарати и опрема за производниот процес за производство на свежи млечни производи; применува стандарди со кои се контролира квалитетот и безбедносната исправност на млекото и млечните производи; комуницира со соработниците, клиентите и претпоставените.
Со стекнување на квалификацијата, ученикот ќе може да работи како Млекар на фарма, Производител на млеко, Производител на киселомлечни производи, Производител на путер, Производител на сирење, како и на други работни места во млекопреработувачката индустрија, млекарски фарми или специјализирани продавници за млечни производи.