Извршува лична подготовка и подготовка на работното место со примена на прописи и стандарди за работа; подготвува потребни материјали за конкретни анализи; прави физичко-хемиска анализа на различни примероци (вода, воздух и почва); прави микробиолошка анализа на примероци од различно потекло, анализира отпад и опасни материи.
Со стекнување на квалификацијата, ученикот ќе може да работи во лабораторија за животна средина, фирми за управување со отпад, во прочистителни станици во производствени процеси и на терен како Контролор на отпади опасни материи, Контролор на емисии на гасови од стационарни извори, Оператор за микробиолошки и санитарни анализи, Контролор на квалитет на вода, но и на други работни места од областа.