Подготвува и анализира оперативна и техничко-технолошка документација; избира и ракува со соодветни машини и алатки за постилање, кроење, шиење и доработка на облека; изведува операции на шиење, кроење и доработка; изработува норматив и цена на производ; Организира, следи и контролира процес на изработка, доработка и нега на облека, по операции и фази.
Со стекнување на квалификацијата, ученикот може да работи како: Оператор за кроење на облека, Оператор за шиење на облека, Оператор за доработка на облека и на други работни места, согласно со стекнатата квалификација.