Дизајнира и изработува модна скица и колекција, врз основа на претходно утврдени правила и побарувања од страна на клиенти и претпоставени; дизајнира по сопствена идеја или по даден налог, со примена на сите ликовни подрачja; користи разни принципи на компонирање во разни насоки и хармонија, по функција на дизајнот; проектира ликовна идеја во нацрт за дизајн на текстил; изразува креативност и дизајн на облека со користење софтверски програми за подготовка на модна и кројна слика; изработува кројни делови на облека, нивно комплетирање и моделирање, декорира пробен модел, рачно или машински; планира и подготвува потребни ресурси за комплетна изработка на предвидениот пробен модел.
Со стекнување на квалификацијата, ученикот може да работи како Дизајнер на облека, Моден стилист, Оператор за кроење на облека, Оператор за шиење на облека, Оператор за доработка на облека и на други работни места, согласно со стекнатата квалификација.