Избира основни и помошни материјали за изработка на конкретен конфекциски производ, согласно со работен налог; конструира кројна слика, формира кројна наслага, поставува кројна слика на кројна наслага и крои; комплетира кројни делови, подготвува работно место и подесува шивачка машина за работа; меѓуфазно пегла и шие кројни делови на облека.
Со стекнување на квалификацијата, ученикот може да работи како: Кројач на конфекциски материјали, Шивач на конфекциски материјали и на други работни места, согласно со квалификацијата.