Креира модел, утврдува мерки, рачно и компјутерски; црта основна конструкција, планира и подготвува потребни ресурси за комплетна изработка на предвидениот пробен модел; работи на современи CAD и CAM системи; моделира и градира кројни делови и изработува пробен модел.
Со стекнување на квалификацијата, ученикот може да работи како Дизајнер на облека, Оператор за кроење на облека, Оператор за шиење на облека, Оператор за доработка на облека и на други работни места од секторот.