Извршува лична подготовка и подготовка на работното место со примена на прописи и стандарди на работно место; оценува и контролира квалитет на суровини, полупроизводи, производи и амбалажа; управува со машини и опрема со помош на кои го води технолошкиот процес; следи, контролира и спроведува одредени технолошки операции во прехранбената индустрија и спроведува внатрешна контрола, спроведува добра хигиенска и производна пракса.
Со стекнување на квалификацијата, ученикот ќе може да работи како Преработувач на жито/Мелничар, Производител на кондиторски производи/Кондитор, Преработувач на овошје и зеленчук, Производител на безалкохолни и алкохолни пијалаци, Производител на пиво и оцет, Производител на шеќер, Производител на квасец и етанол, Преработувач на кафе, чаеви и додатоци на јадења, Производител на млеко и млечни производи, Преработувач на месо и месни производи, Изработувач на леб и бели печива, Оператор за микробиолошки и санитарни анализи, Контролор на квалитет на производи и материјали, Хемиски процесен оператор, Ракувач со маши ни за амбалажирање, пакување и етикетирање, но и на работни места во индустриско производство, лаборатории, занаетчиство и во трговијата со храна.