Правилно да постапува со тестото при негово замесување и обработка, извршува работни операции во технолошките процеси за изработка на различни пекарски производи, ракува, чува и складира пекарски производи; ракува и одржува алати, апарати и опрема за производниот процес; ја планира работата и обезбедува услови за извршување на истата; применува стандарди со кои се контролира квалитетот и безбедносна исправност на тестото и пекарските производи; комуницира со колегите и претпоставените.
Со стекнување на квалификацијата, ученикот може да работи како Пекар за производство на леб, Пекар за производство на бели печива и пица, Производител на бурек, лиснато тесто и пити, Пекар за производство на кори, јуфки и кадаиф, но и на други работни места во пекарската индустрија, пекари, пицерии, бурекџилници, класични ресторани и специјализирани ресторани за традиционални македонски пекарски производи.