Приготвува прехранбени продукти за финализирање на различни видови готварски производи: ладни и топли предјадења, супи, чорби и потажи, основни сосови и фондови, јадења од месо, риби и ракови и морски плодови, прилози, вегетаријански јадења, салати, слаткарски производи, национални јадења, правилна храна; сервира, декорира и испорачува јадења во соодветни садови; води и ажурира евиденција за работата во кујната, работи во согласност со нормативите и гарантира за квалитетот на работа и услуги, како и извршува работи во согласност со прописите за заштита на работната средина и на околината.
Со стекнување на квалификацијата, ученикот може да работи како Готвач.