Извршува работни задачи на агенциски и рецепционерски службеник со цел задоволување на барањата на клиентите; резервација на услуги и софтверски програми во угостителско-туристичкото работење, креирање производи и услуги по желба на клиентот; врши работни задачи при пречекување, сместување и испраќање гости во угостителскиот објект и пресметување цени на угостителско – туристички производи и услуги.
Со стекнување на квалификацијата, ученикот може да работи како Агенциски службеник, Рецепциски службеник.