Хотелско – ресторанскиот техничар планира, организира, координира, надгледува и управува со работата на персоналот на рецепција, во ресторанот и во хотелското домаќинство и учествува во спроведување на работните задачи во угостителските објекти од различен вид и со различна големина кои обезбедуваат сместување, храна и пијалаци во согласност со општествените и еколошките прописи. Учествува во дефинирање на хотелските услуги, нивното промовирање и продажба. Го планира и поттикнува работењето на вработените. Подготвува извештаи и анкети со примена на информациски и комуникациски технологии и сличен софтвер во секојдневното работење и во деловната кореспонденција. Комуницира со гостите и деловните партнери, со примена на правилата за деловна комуникација. Врши комерцијални активности во рамките на зададената работа за угостителскиот објект за обезбедување сместување, храна и пијалаци. Се грижи за спроведувањето на работните норми и стандарди за угостителскиот сектор и за добросостојбата на гостите, соработниците, работната околина и животната средина.
Хотелско – ресторанскиот техничар по завршување на средното образование ќе може да работи како хотелско-ресторантски техничар во угостителски трговски друштва, кај физички и правни лица кои се занимаваат со сместување гости, подготовка и послужување храна и пијалаци, но има и можност за отворање и водење сопствен бизнис.