Изработува техничко-технолошка документација, врши прием, сортирање и складирање на материјалот, импрегнација на дрвото и производство на пилански сортименти; поставува режими за сушење, водење и контрола на сушењето; подготвува, организира и контролира квалитет на сушење и парење на дрвото; ракува со машини за распилување на трупци, за изработка на фурнири и дрвени плочи; пресметува цена на планирани производи и продажба на готовиот производ.
Со стекнување на квалификацијата, ученикот може да работи како Оператор со уреди за сушење и парење на дрвото, Оператор за производство на дрвени плочи, Оператор за пиланска обработка на дрвото.