Прибирање податоци и нивна нумеричка и графичка обработка со примена на геодетски мерни инструменти, геодетски методи на премерување и информатичка технологија; реализира детален премер, одржува катастар на недвижности; користи Геодетско-катастарски информационен систем (ГКИС); изработува различни видови геодетски елаборати според намена; изработува, одржува и користи геодетски подлоги, во аналогна и дигитална форма, исколчува и следи објекти.
Со стекнување на квалификацијата, ученикот ќе може да работи како: Геодет за катастарски работи, Геодет за инженерска геодезија и Геодет за урбанизам, просторно планирање и менаџмент.