Извршува лична подготовка и подготовка на работното место со примена на прописи и стандарди на работно место; избира соодветен алат и инструменти за работа; следи и контролира технолошки процес на производство на хемиски и козметички производи; обезбедува услови за непречено извршување на работата; прави анализа и испитување на составот, својствата и дејството на суровините, полупроизводите и готовите хемиски и козметички производи; избира соодветна амбалажа за производите.
Со стекнување на квалификацијата, ученикот ќе може да работи во областа на производство, контрола и анализа на хемиски и козметички производи, како Оператор во козметичка индустрија, Оператор во детергентска индустрија, Оператор во органско-полимерна индустрија, Оператор во неорганска индустрија, Контролор на квалитет на производи и материјали, Хемиски процесен оператор, Ракувач со машини за амбалажирање, пакување и етикетирање, но и на други работни места во индустријата за производство на хемиски и козметички производи.