Работи во индустријата за добивање/обработка и преработка на месо во свежи месни производи, како и продажба на месо и различни видови месни производи.
Оспособен е да извршува работни операции во технолошките процеси за преработка на месо во различни свежи месни производи, врши примарна обработка на месото, обработка на месото и месните производи за продажба и ракување, чување и складирање месо и месни производи; ракува и одржува алати, апарати и опрема за производниот процес за производство на свежи месни производи; применува стандарди со кои се контролира квалитетот и безбедносна исправност на месото и месните производи; комуницира со соработниците, клиентите и претпоставените.
Со стекнување на квалификацијата, ученикот ќе може да работи како Обработувач на месо, Обработувач-продавач на месо и месни производи, Производител на свежи месни производи, Производител на пастеризирани месни производи, Производител на стерилизирани месни производи, Производител на трајни месни производи и на други работни места од областа на преработката на месо.