Сервисира и одржува помали куќни електрични апарати и рачен електричен алат, дијагностицира причини за појава на дефекти кај трансформаторите, вртливите електрични машини на наизменична и еднонасочна електрична струја и рачниот електричен алат; сервисира и одржува разни видови трансформатори и вртливи електрични машини на наизменична и еднонасочна електрична струја; изработува намотки, вметнува и поврзува намотки за трансформатори, вртливи електрични машини на наизменична и еднонасочна електрична струја; применува постапки за мерење и испитување на трансформатори и вртливи електрични машини на наизменична и еднонасочна електрична струја.
Со стекнување на квалификацијатa, ученикот ќе може да работи како Електромеханичар за погон; Електромеханичар за разладни и термички уреди; Електромеханичар за намотување (виклување) и Електромеханичар за куќни апарати и уреди, како и на други работни места од областа на електромеханичарските работи за компјутерска техника и технологија, како и на други работни места во доменот на квалификацијата.