Изработува техничка и технолошка документација за обработка на металите со режење и деформација; изработка на програми за CNC системи, ракува со CNC системи и изработка на крајниот производ на CNC системи машиникомпјутерски управува автоматизирани системи, конфигурира и одржува мехатронички системи, програмира PLC системи; работи со интелигентни системи и индустриски роботи. Квалификацијата Техничар за компјутерско управување дава можност за стекнување ИКТ знаења, вештини и компетенции применливи во машинството, како и во други сродни сектори. Ученикот по завршување на образованието ќе може да ја организира, да ја следи и да ја оптимизира работата, да решава проблеми, да врши контрола на квалитет на алати, уреди, материјали и производи, согласно со проектната документација. Ќе работи на оперативни работи во машинската индустрија каде се употребува компјутерското управување. Техничарот за компјутерско управување, по завршувањето на средното образование, ќе може да работи во претпријатија кои се занимаваат со машинска обработка со користење на CNC и класични машини со режење и пластична деформација.
Со стекнување на квалификацијатa, ученикот ќе може да работи како Оператор на CNC машина, Изработувач на CNC програми, Оператор на технологија на обработка на метали со деформација и режење, Оператор на компјутерски управувани системи и Соработник за техничка документација во машинството во организации и претпријатија каде што се користи компјутерско управување и надзор, како што се: енергетиката, прехранбената, хемиската, печатарската, автомобилската индустрија, земјоделието, сточни фарми, хотели, административни и спортски објекти и секаде каде што се користи компјутерско управување и надзор, интелигентните системи, индустриските роботи и ИКТ технологии.