Открива дефекти и врши интервенции од електрична и не електрична природа на електрични инсталации и осветлување, контролира и анализира параметри и податоци добиени од мерни инструменти заради управување и регулирање во електроенергетиката, управува, контролира и одржува електрични централи, електроенергетски постројки и електромоторни погони, изведува операции на високонапонски и нисконапонски електроенергетски мрежи, сервисира, одржува и поправа куќни апарати и уреди.
Со стекнување на квалификацијата Електротехничар-енергетичар ќе може да работи во различни работни средини како што се: производство, пренос и дистрибуција на електрична енергија, осветлување на отворени и затворени површини, индустриски погони, станбени објекти, установи за јавни услуги, сервиси за куќни апарати, медиуми, установи за туризам, угостителство, образование, наука, здравство, земјоделие и др., како и да развива сопствен бизнис. Исто така, ќе може да извршува работни задачи како: Електротехничар за електрични инсталации и осветлување;Електротехничар за комуникации, мерења и управување во електроенергетиката; Електротехничар за производство, пренос и дистрибуција на електрична енергија; Оператор на електрични машини и електромоторни погони и Оператор на електрични апарати и уреди за домаќинство и погон и на други работни места, согласно со квалификацијата.