Одржува, сервисира и поправа моторни возила, но и учествува при нивното производство; организира и врши надзор над одржувањето и поправките на моторните возила, дијагностицира неисправности на моторното возило, проверува, подесува и поврзува делови и системи на моторното возило и организира постапки во производниот процес на моторните возила.
Со стекнување на квалификацијатa, ученикот ќе може да работи како Дијагностичар на неисправности на возила, Механичар и монтер на мотори и моторни возила, Оператор на технологијата на производство и одржување на мотори и моторни возила или Соработник за техничка документација во машинството во индустријата за производство на моторни возила и делови за моторни возила, сервиси за одржување и поправка на моторни возила, технички служби, станици за технички преглед, авто салони, продавници за резервни делови, претпријатија со возен парк, претпријатија кои вршат јавен превоз на патници и товар, а може да води и сопствен бизнис.